Денес, ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга учествуваше во симулација на пожар организирана по повод Денот на пожарникарите
Денес, во ООУ „Јосип Броз Тито“ во Струга, учениците и вработените имаа уникатна можност да учествуваат во симулација на пожар, организирана по повод Денот на пожарникарите.

Со цел да се подигне свеста за важноста на брзото и координирано дејствување во итни ситуации, настанот беше реализиран со поддршка од: Територијалната противпожарна единица Струга, Црвен Крст Струга, Полициската станица Струга и Итната медицинска помош.

Оваа едукативна активност им овозможи на учениците директно да видат како изгледа спасувачка операција и да научат важни чекори за самозаштита при пожар.
–Голема благодарност до сите служби што секојдневно го ризикуваат својот живот за нашата безбедност, велат од ООУ „Јосип Броз Тито“ во Струга.StrugaOnline

