Струшките матуранти ја одржаа матурската парада

- Локални
620
Денеска точно напладне, пред зградата на Општина Струга, струшките матуранти во истовреме со своите врсници од другите градови низ Македонија ја одиграа традиционалната матурска парада. Тие танцува „Квадрил“ на музика од Штраусовата опера „Лилјакот“.
-Денеска матурантите од СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ гордо го завршија средношколското образование и ја одржаа својата традиционална парада. Ниту дождот не можеше да ги спречи – нивните срца беа посветли од кога било, ден кој засекогаш ќе остане во сеќавање, велат од СОУ „Д-р Ибрахим Темо“.
StrugaOnline

Facebook Коментари