Со богата програма, Охрид и годинава достојно го одбележува Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Програмата започна денес во Конгресниот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид со научна трибина: Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Охрид и Преспа. Вечерва од 20:00 часот во училишниот двор патрониот празник ќе го одбележи СОСУ „Св.Кирил и Методиј“.
Утревечер од 19:30 часот на Античкиот театар ќе се одржи Меѓународен хорски фестивал на музички хорови.
Во сабота, од 09:00 часот започнува свечената програма со полагање цвеќе пред монументалниот споменик во градскиот парк, по што ќе се доделат наградите нза најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари.
Во Домот на култура „Свети Кирил и Методиј“ во населбата „Кошишта“, со почеток во 10:30 часот ќе се одржи Панихида и свечена приредба во чест на Св. Кирил и Методиј. Од 12:00 часот на градскиот плоштад, кај муренката, ќе се одржи фестивалот на поезија за деца „Стихувалки“.
Од 19:00 часот во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи концертот „Уметниците во чест на Свети Кирил и Методиј“. Ќе настапат учениците од ОМУ „Методи Патче“ во класата на м-р Даниел Чуркоски, Елица Рашкова и Викторија Митеска Малезан. Беседа за светите браќа ќе одржи проф. д-р Димитар Пандев.
StrugaOnline
Facebook Коментари