Во црквата „Св. Софија“ во Охрид, утре, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи свечена културна манифестација, посветена на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Концертот ќе започне со воведна беседа за животот и делото на светите браќа, која ќе ја одржи проф. д-р Димитар Пандев, по што ќе следат музички настапи на ученици од ОМУ „Методи Патчев“ од Охрид, под уметничко раководство на м-р Даниел Чуркоски и Елица Рашкова. На крајот од програмата ќе настапи пијанистката Викторија Митеска- Малезан.
StrugaOnline
Facebook Коментари