КУД „Дримкол“ вечерва ќе го одржи годишниот концерт, дел од собраните средства за настраданите семејства во Кочани

- Локални
91

Во Домот на културата во Вевчани, вечерва од 18:00 и 20:00 часот, КУД „Дримкол“ ќе го одржи годишниот концерт „Ехо од истокот“.

Ќе се изведуваат Пијанечки изворни ора: „Церско“, „Циганчица“, „Ситно“ и „За појас или Копачка“, а ќе настапат повеќе од 100 членови на Дримкол, играорци, музичари, пејачи, актери.

Гости на концертот ќе бидат учениците од насоката за народни инструменти во класата на проф. Марио Иванов од средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип.

Влезниците ќе се продаваат по цена од 150 денари, а според најавите од организаторите, дел од собраните средства ќе се наменат за настраданите семејства во несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

StrugaOnline

Facebook Коментари