Екипата на РШ „Динг“ Струга четврта година по ред е победник на турнирот „5-ка за ракомет“ што и годинава се одржа во организација на ракометната школа „Вардар“ Охрид.

На турнирот учествуваа екипи од Охрид, Струга, Ресен, Битола, Делчево, Кичево и Гостивар.
Струшките ракометари родени 2012 година одигра два одлични натпревари. По многу борба, во полуфиналето остварија победа против екипата на Младост од Ресен, а во финалето беа подобри од Јехона од Гостивар.
Освен со тимската победа, РШ Динг Струга оваа година може да се пофали и со индивидуални награди.
– Уште еден освоен турнир во оваа генерација, која игра веќе многу зрело и искусно за годините. Пехарот беше подигнат од капитенот Борјан Домазетоски, а за најдобар голман на турнирот заслужено беше прогласен нашиот Нектариј Николовски – изјави за strugaonline тренерот Дејан Коцар.
Во делот мини ракомет, најмалите членови на РШ Струга Динг одиграа шест натпревари, а целта на овој сегмент од турнирот е децата уште од мала возраст да го засакаат ракометот и да го стекнат натпреварувачкиот дух.
– Кај најмалите одиграни многу возбудливи натпревари во мини ракомет со екипи од цела Македонија. Најинтересните и најборбени генерации кај кои целта е да стекнат натпреварувачки дух и да го зголемиме интересот и популарноста на нашиот спорт, додаде Коцар.
StrugaOnline
Facebook Коментари