Утре започнува четвртиот меѓународен натпревар во ЏУДО “СТРУГА ОПЕН” 2017
Настанот ќе се оддржи во спортско рекреативниот центар ТИМИ. Официјалното вагање на натпреварувачите ќе се одржи од 09.00 до 10.00 чаcoт Свој говор на отворањето ќе имаат организаторите на натпреварот (претседателот на клубот, главниот тренер на клубот) и почесен гостин кој ќе го прогласи турнирот за отворен. На свечениот чин ќе присуствуваат видни бизнисмени, спонзори, функционери, пратеници, претставници од џудо федерација на Македонија, Претставник од Светска Џудо Федерација(можеби и градоначалникот на Општина Струга) и други видни личности. Распоредот на натпреварите е поделен во тежински и старосни категории со соодветен редослед. После натпреварот, ќе се оддржи тридневен тренинг камп 18/19/20.06.2017 на кој ќе учествуваат поголемиот дел од учесниците на натпреварот. Тренинг кампот ќе го води експерт од светска џудо федерација г-дин Габриел Сапта од Белгија мајстор 7 ДАН.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари