Билтен за Охрид: Приведен охриѓанец за физички напад, нарушен јавен ред и мир пред угостителски објект…

- Локални, Хроника
154
На 26.05.2025 година во 22.15 часот, на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, лишен од слобода е С.Б.(50) од селото Волино, општина Дебрца. Тој претходно, на локален пат помеѓу селата Волино и Мороишта, пресретнал моторно возило во кое се превезувала М.Т..(46) од едно охридско село и физички ја нападнал. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.05.2025 година во 09 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.Е. врз Р.Ч.(34), двајцата од Охрид. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Општа болница” во Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

Facebook Коментари