Вчера Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. Покрај Пецаков на Охрид, актуелниот градоначалник Спасе Кочовски е повторно кандидат за градоначалник на Вевчани, од ВМРО-ДПМНЕ, до овој момент немаат кандидат за Струга.
Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите потенцирајќи дека одбраните кандидати уживаат најголема доверба меѓу граѓаните. Одбрани се 25 кандидати за градоначалници, а според рејтингот, сите кандидати водат со 4 пати разлика, а во некои општини и 5 на 1.
1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски
–Се работи за чесни, одговорни, работни и експидитивни луѓе. Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници кои направиле вистинска трансформација во нивните општини. Дел се луѓе кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои досега се водени од кадри на СДСМ, изјави Сајкоски.
Спасе Кочовски актуелниот градоначалник на Вевчани на својот фејсбук профил ја изрази својата благодарност за поддршката:
Почитувани, најнапред сакам да ја изразам мојата почестеност да бидам повторно предложен за градоначалник на општина Вевчани од страна на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ.
Посебно се заблагодарувам на моите сограѓани Вевчанци кои ја даваат поддшката за повторно да бидам кандидат за градоначалник на Вевчани, поддршка која за мене е особено значајна и драга и без која не може да се дојде до целта.
Тоа за мене претставува уште поголема обврска и одговорност за да го продолжиме патот на промените за заедничка иднина.
Нема запирање!
Да живее Македонија!
Да ни е вечно Вевчани!
Исто така и Кирил Пецаков на својот фејсбук профил ја изрази својата благодарност за поддршката:
„Сакам да ја изразам мојата благодарност најнапред до Вас мои сограѓани за секојдневната поддршка што ја добивам.
Исто така сакам да изразам благодарност до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и до членовите на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ за довербата што ја добив да бидам кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.
За мене тоа е голема чест, а во исто време претставува голема обврска и одговорност која повторно до крај ќе се трудам да ја оправдам.
Верувам дека довербата која ми ја дадовте во првиот мандат ја оправдав. Верувам дека преку секојдневната отворена комуникација со Вас успеавме да ги решиме поголем дел од проблемите кои со децении тлееа.
Успеавме од најзадолжена Локална самоуправа со посветена и домаќинска работа не само да ја раздолжиме, туку и да биде со позитивна финансиска сметка.
Реализираме капитални проекти кои се од суштествено значење за сите нас, ќе напоменам дел:
–ООУ „Кочо Рацин“ конечно доби нова училишна зграда,
–Во Лескоец при крај е изградбата на спортската сала,
–Успеавме комплетно да реконструираме неколку средни училишта,
– Го враќаме препознатливиот стил на градот преку реконструкција со камен шкрилец на тротоарските површини во централното градско подрајчје и со поставување на камена коцка на Булеварот „Македонски Просветители“,
–Асфалтиравме улици и краци од улици во места каде што се ветувале децении, а никогаш не се реализирале.
– Изградивме и реконструиравме водоводни линии и канализациски мрежи онаму каде што беше најпотребно,
–Градиме прочистителна станица во Трпејца.
Оваа низа ќе ја продолжиме со изградба на плоштадот „Крушевска Република“, Катна гаража, реконструкција на улици и краци од улици кои се од круцијално значење за Охрид, реконструкција и изградба на нови водоводини линии и канализациони мрежи во урбаните и руралните средини. Во фаза сме за изградба на нова линија за снабдување на вода на Охрид со што значително ќе се намалат трошоците на јавното претпријатие „Водовод“, а охриѓани ќе добијат поквалитетна услуга. Нов парк ќе се гради на кај „Холандскиот парк“. Продолжуваме со реконструкција на улицата „7ми Ноември“. Ќе градиме нови улици во руралните кои ќе го олеснат движењето на локалните жители.
Општина Охрид продолжува по веќе трасираниот пат на промени. Заедно со Вас продолжуваме да ја градиме иднината.
Нема запирање!, вели актуелниот градоначалник на Охрид Кирил Пецаков.
StrugaOnline
Facebook Коментари