Шести Меѓународниот фолклорен и хорски фестивал „Охридски бисер“ вечерва во Охрид

- Локални
1157

Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“  во Охрид ќе се одржи шестиот Интернационалниот фолклорен и хорски фестивал „Охридски бисер“.

Ова шесто издание на фестивалот  ќе го одбележи учеството на фолклорни групи и хорови од Турција, Бугарија, Германија и други, а претставници на градот домаќин ќе бидат членовите на охридскиот хор „Вокс Лихнидос“,  кои ќе настапат под диригентската палка на  Бурим Хидри.

Првиот дел од фестивалот е резервиран за хорската музика, а во вториот дел ќе настапат фолклорните групи.

Почетокот е  закажан за во 19:00 часот, а влезот е слободен.

Организатор на фестивалот е Здружението од областа на културата “Моделс – Младински културен центар“- Охрид.

Извор: ОхридПреc\Strugaonline

Facebook Коментари