Лев банер Десен банер

Стружанката Ивана Крстеска ова лето ќе биде дел од најголемата истражувачка лабораторија во САД

Стружанката Ивана Крстеска ова лето ќе биде дел од Oak Ridge National Laboratory (ORNL) преку програмата ORISE, во рамки на Building Technologies Research & Integration Center – најголемата истражувачка лабораторија во САД, дом на еден од најбрзите суперкомпјутери во светот и местото каде се создаде атомската бомба.
Ќе работи на Weatherization Assistance Program (WAP) – федерална програма на Министерството за енергетика на САД, насочена кон подобрување на енергетската ефикасност во домовите.
Од архитектонска перспектива, во соработка со економисти и експерти за енергетска политика, ќе учествува во ретроактивна евалуација на интервенциите и нивното долгорочно влијание – со цел да се информираат идни политики и подобро насочат јавните инвестиции.
StrugaOnline

error: