Одличен успех на основните училишта од Струга на Државниот натпревар по македонски јазик

- Локални
381
Одличен успех на основните училишта од Струга на Државниот натпревар по македонски јазик кој се одржа на 31.05.2025 година во Скопје.
Учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга постигнаа одличен успех на Државниот натпревар по македонски јазик, покажувајќи завидно знаење, јазична култура и љубов кон македонскиот јазик и книжевноста.
-Честитки до сите ученици кои со својата посветеност, труд и љубопитност успеаја да се издигнат меѓу најдобрите во државата! Вашиот успех е доказ дека знаењето, љубовта кон мајчиниот јазик и упорноста секогаш се исплатуваат, велат од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
-Исто така, огромна благодарност и признание упатуваме до наставниците ментори: Климентина Рембоска Столевска, Марија Ашталкоска и Дијана Секулоска Поповски, кои со голема посветеност, стручност и инспиративна поддршка ги подготвија учениците за овој значаен предизвик. Вашата улога во овој успех е непроценлива, додаваат.
Прва награда – Анна Гук VII одд – ментор Климентина Рембоска Столевска,
Втора награда – Тарик Изејроски VIII одд – ментор Климентина Рембоска Столевска,
Трета награда – Антонија Унуфрова VI одд – ментор Марија Ашталкоска,
Трета награда – Марија Блажеска VII одд – ментор Климентина Рембоска Столевска,
Трета награда – Матеј Далчески VIII одд – ментор Климентина Рембоска Столевска,
Трета награда – Анастасија Ашталкоска IX одд – ментор Дијана Секулоска Поповски.
Учениците Василиј Домазетоски и Христијана Гулеска добија благодарница за учество.
На државниот натпревар по македонски јазик учениците од ООУ „Јосип броз Тито“ Струга ги постигнаа следниве резултати:
VI одделение
Прва награда – Александра Пејчиноска ,
Втора Награда – Деспина Паноска
Ментор: Менче Блажеска
VII одделение
Втора награда – Јана Танеска,
Стефанија Чороска доби благодарница за учество.
Ментор: Елизабет Барануаи Кукунешоска.
StrugaOnline

Facebook Коментари