Македонската машка фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
По двата воведни дуели, Македонија е првопласирана во групата со четири бодови, по триумфот на гостински терен над Лихтенштајн и ремито против Велс во Скопје.
Вечерашниот дуел со почеток во 20:45 часот на Арената во Скопје ќе биде петти меѓусебен дуел во кој Македонија ќе се обиде да ја забележи првата победа над Белгија, по ремито (1-1) во 1994 година, и трите порази (5-0 – 1995) и 2-0 и 1-0) во 2013 година.
Јунскиот циклус во рамки на мундијалските квалификации Македонија ќе го заокружи на 9 јуни со гостување во Казахстан.
StrugaOnline
Facebook Коментари