Градоначалникот Мерко доби ослободителна пресуда од Основниот суд Струга за предметот „набавка на возило марка Ауди“

- Локални
646
Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, кој се гонеше за набавка на луксузен автомобил „Ауди“, вреден 67 илјади евра.
-На денешното судење во Основниот суд во Струга беше објавена ослободителна пресуда за Рамис Мерко, Градоначалник на Општина Струга, за судњето познато во јавноста како „набавката на возило марка Ауди“. Меѓу другото, предметниот судија изнесол:
„Судот НЕ УТВРДИ дека градоначланикот Рамис Мерко повредил некоја норма од закон во врска со набавката на возилата во 2018 година“, известуваат од кабинетот на градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко.
Обвиненијата против Мерко беа поднесени во март 2024 година. Претходно, со посебна проверка во обвинителството во Струга беше утврдено дека Мерко е осомничен за најмалку 30 кривични дела. После тоа, против него беа покренати низа обвиненија и нови истраги за злоупотреба на службената положба.

StrugaOnline

Facebook Коментари