Денеска, во прекрасните води на Охридското Езеро, кај Кампот Ас во Струга, ќе се одржи 21. издание на меѓународната веслачка регата „Струга Опен“, во организација на Веслачкиот клуб Црн Дрим.
Регатата, која веќе две децении претставува значаен спортски настан на веслачката мапа на Балканот, и оваа година привлекува реномирани клубови од регионот. Своето учество го најавија:
Веслачки клуб Тракија од Пловдив, Република Бугарија;
Веслачки клуб Касторија од Костур, Република Грција;
Веслачки клуб ЦСК од Софија, Република Бугарија;
Веслачки клуб Палиќ од Суботица, Република Србија.
Македонските веслачки клубови кои ќе земат учество се:
ВК Горица Ремо од Охрид;
ВК Дебар од Дебар;
ВК Врбник од Струга;
И домаќинот и организатор – ВК Црн Дрим од Струга.
Овој спортски настан се одржува со поддршка од Министерството за спорт на Република Македонија и Веслачката федерација на Македонија, кои со својата континуирана поддршка овозможуваат унапредување и интернационална афирмација на веслачкиот спорт.
Очекувањата се за ден исполнет со возбудливи трки, спортски дух и пријателство меѓу натпреварувачите, во едно од најубавите природни сценарија во регионот – Охридското Езеро. Организаторите ги повикуваат сите граѓани и љубители на спортот да присуствуваат и да ги поддржат младите спортисти на „Струга Опен 2025“.
StrugaOnline
Facebook Коментари