По успешно одиграниот бараж натпревар против РК Мулти Есенс (24:19), РК Струга обезбеди опстанок во машката Супер лига за натпреварувачката сезона 2025/2026.
Како тим кој беше претпоследен во плејаутот, Струга мораше да игра бараж, а ривал беше вториот тим од Автокоманда кој беше второпласиран во Прва лига.
Од Ракометната федерација на Македонија официјално пристигна честитка на ракометарите за победата и пласманот, стручниот штаб и управата на клубот за постигнатиот резултат.
StrugaOnline
Facebook Коментари