Од 13-ти до 15-ти Јуни во Приштина се одржа 20-тиот по ред Меѓународен натпревар за млади музичари “Ars Kosova”.
На првиот натпреварувачки ден, во дисциплина Флејта учество зедоа младите флејтистички надежи од ООМУ-Струга и ДСМУ „Тодор Скаловски -Тетоец“-Тетово, паралелка Струга од класата на проф. Светлана Богданоска Ристоски.

Флутурије Бајрами и Ера Зиба, ученички во ООМУ-Струга, освоија Први награди во своите категории, додека Марија Дузлеска, ученичка во ДСМУ „Тодор Скаловски -Тетоец“-Тетово/ паралелка Струга, освои Прва Специјална награда и се стекна со право/покана да учествува на завршниот концерт на натпреварот, кој се одржа на 15-ти Јуни на кој ќе настапат најдобрите учесници од сите категории.
StrugaOnline
Facebook Коментари