Евгенија Славкоска, Влера Положани и Ебрар Јакуп прогласени за првенци на генерација во СОУ Гимназија „Др. Ибрахим Темо“ Струга

- Локални
588
Со симболично фрлање на капи во возухот се означи крајот на средното образование на уште една генерација ученици во СОУ Гимназија „Др. Ибрахим Темо“ Струга.
Завршната свеченост по повод матурирањето на генерацијата 2024/25 се одржа на спортските терени на СОУ Гимназија „Др. Ибрахим Темо“ Струга во присуство на родители, ученици, наставници од училиштето и бројни гости.
За првенци на генерација прогласени беа Влера Положани, Евгенија Славкоска и Ебрар Јакуп.
Во нивното обраќање пред соучениците и присутните тие изразија благодарност до училиштето за пружената можност да се здобијат со знаење и искуство кое понатаму ќе ги води во животот во нови успеси.
StrugaOnline

Facebook Коментари