Лев банер Десен банер

Струшкиот ракометен талент Мирче Калајџиески е нов член на РК Еурофарм Пелистер

-Како и претходните години и ова лето најдобрите млади ракометари од нашата развојна екипа ќе бидат прекомандувани во шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер. „Мозокот“ на Еурофарм Пелистер 2, екипа која без пораз се промовира во суперлигаш, Мирче Калајџиески е нов член на Еурофарм Пелистер, соопштија од РК Еурофарм Пелистер.

Мирче Калајџиески има 21 години, роден во Струга, а во Битола дојде од словенечкиот клуб Слован Гросист. Висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми.

Калајџиевски на крајот од јуни ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер за подготовките за сезоната 2025/26.

StrugaOnline

error: