Лев банер Десен банер

Анита Мицова ќе го промовира својот прв студиски албум

Анита Мицова го најавува својот прв студиски албум насловен како  „Ти сум јас“. Промоцијата на албумот ќе се случи на 27 јуни (вторник)  во 20:30 часот во Bistro Opera Pub во Скопје. Во интервју за Strugaonline ,Анита Мицова ни откри дека албумот е сплет на повеќе стилови вклучувајќи и „ Боса- нова“  со етно,чил примеcи. Сите песни кои се најдоа на носачот на звук „Ти сум јас“ се авторско дело на Весна Малинова-Бабамова и Кирил Бабамов.

Првиот студиски албум на Анита Мицова беше најавен со синглот „Два животи“, а неодамна своја промоција доживеа и баладата „Биди добар“.

Извор: Strugaonline

error: