Билтен за Охрид: На охриѓанец после извршен службен разговор му се слошило и починал, приведени охриѓани за поседување марихуана

- Локални, Хроника
360

На 23.06.2025 година во 20.30 часот на улицата „Богомилска” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги лишија од слобода Е.С.(31) и М.Л.(29), двајцата од Охрид. Тие беа затекнати во момент кога М.Л. на Е.С. му предал две пакувања со марихуана, кои ги исфрлил откако ги забележал полициските службеници, а кои подоцна беа пронајдени.

По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 23.06.2025 во 16.40 часот во полициската станица Охрид, откако полициски службеници извршиле службен разговор со Ј.А.(75) од Охрид, на излезот од објектот на лицето му се слошило и со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Охрид. Во 17.20 часот, Ј.А. починал, а лекар констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари