Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од Законот за шумите, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24:00 часот, на територијата со која стопанисува јавното претпријатие.

Целосната забрана за движење во шума стапува на сила од 01.07.2025 година и ќе трае до 31. 08. 2025 година.
Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за:
Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП Национални шуми, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, и лица коишто имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои управува ЈП Национални шуми – Скопје.
Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП Национални шуми – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат.
За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП Национални шуми кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.
За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра.
StrugaOnline
Facebook Коментари