Во недела подводна истражувачка мисија заедно со стружанката Валентина Тодороска

- Локални
98
Europe House Struga во недела организира едно несекојдневно подводно искуство – „Underwater Archaeology Experience“.
-Заедно ќе научиме како изгледа подводна истражувачка мисија, како се откриваат и зачувуваат артефакти под водата, и зошто нашето езеро крие богатства со големо историско значење, велат од Europe House Struga.
Водич низ оваа авантура ќе биде стружанката Валентина Тодороска —подводен археолог која долги години работи на зачувување на воденото археолошко наследство од регионот.
Настанот ќе започне во Europe House Struga, во недела 29,06,2025 година со почеток во 10:00 часот.
Заинтересираните можат да се пријават тука: https://forms.gle/M8YhZnzo4smnnPQ47

StrugaOnline

Facebook Коментари