Во Струга се одржува 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада што од 24 до 29 јуни се одржува во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во организација на Математичкото друштво на Југоисточна Европа.
На натпреварувањето учествуваат математички надарени ученици до 15,5 годишна возраст од земјите од Југоисточна Европа, а согласно правилата на Меѓународната математичка организација на Југоисточна Европа, дозволено е учество на гостински национални репрезентации и од други земји кои не членуваат во оваа организација.
Јуниорската балканска математичка олимпијада во Македонија се организира по трет пат, откако претходно се одржа во 2000 и 2014 година. Организаторот на натпреварувањето, Сојузот на математичари за прв пат годинава добива финансиска поддршка од Министерството за образование и наука.
-Вие сте богатството на земјите кои ги претставувате. На вас се потпира добрата иднина, а вашите семејства и професори, имаат огромна заслуга за тоа. Ние – институциите и креаторите на политики сме тука, за да ја обезбедиме сета поддршка која ќе овозможи реализација на вашиот полн потенцијал“, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.
StrugaOnline
Facebook Коментари