СВР Охрид со засилени контроли, 55 возачи во Охрид управувале возила со брзина поголема од дозволената

- Локални, Хроника
110

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници извршиле контрола на 87 моторни возила, во Охрид ззатекнале 55 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената (22 надвор од населено место, 17 во населено место) како и 09 возачи кои на места каде со сообраќаен знак е забрането, извршиле престигнување на други возила (Кичево-06, Дебар-03).

Против овие возачи, поднесени се соодветни платни налози.
Апелираат до возачите на моторни возила, крајно внимателно да ги управуваат своите моторни возила, да ги почитуваат сообраќајните знаци и другата вертикална и хоризонтална сигнализација.

Упатуваат апел и до пешаците, велосипедистите и моторциклистите како учесници во сообраќајот, да бидат совесни и одговорни, пешаците да ги користат обележаните пешачки премини за премин на коловозите а велосипедистите и моторциклистите да користат заштитни кациги и друга неопходна опрема.

Секое спротивно однесување како и зборување на мобилен телефон при управувањето со возилата, ќе биде санкционирано согласно одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, велат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари