На 29.06.2025 година во 20.10 часот, во СВР Охрид приведени се И.Е.(20) од Охрид и С.О.(25) од Холандија кои претходно, на улицата „7 ноември” во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.06.2025 во 12.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од улицата „Партизанска” со „Ванчо Николески” во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ч.(22) од селото Горенци, општина Дебрца и велосипед, управуван од С.Ф.(59) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари