Дејан Костески од Струга денеска оствари средба со Министерот за Спорт Борко Ристовски

- Локални
1093
Денес во Министерството за Спорт на Република Македонија, професор и тренер Дејан Костески од Струга оствари средба со Министерот за Спорт Борко Ристовски.
На средбата се разговараше за подобрување на спортската инфраструктура во Струга како и итна и неодложна реконструкција на спортската сала Нико Нестор.
Министерот вети дека ќе направи се што е во негова моќ и во рамки на неговите ингеренции Струга да добие за една година реконструкција на спортската сала Нико Нестор, Струга ќе добие и ново мултифункционално игралиште со што граѓаните на Струга ќе добијат повеќе простор за спорт и рекреација како и нови фитнес зони на отворено.
Градинките ќе добијат стручен кадар со кој што професорите по физичко образование спорт и здравје ќе можат да се посветат на најмладите и уште од најрана возраст да се спречат деформитетите кој што настануваат во текот на развојот.
Основните и средни училишта ќе добијат секојдневна настава за часовите по физичко образование спорт и рекреација.
Професор Дејан Костески истакна дека конечно е добиена поддршка од Министерството за Спорт за Ракометниот турнир Енхалон Куп.

StrugaOnline

Facebook Коментари