Лев банер Десен банер

РШ „ДИНГ“ од Струга со традиционален завршен настан означи крај на уште една, осма по ред успешна сезона

Ракометната школа „ДИНГ“ од Струга со традиционалени завршен настан означи крај на уште една, осма по ред успешна сезона
-Работиме посветено за преку 80 деца да го остварат својот сон да станат успешни ракометари, но пред се здрави личности и спортисти. Благодарност до сите помагатели кои го препознаа нашиот ентузијазам и она што го правиме за градот. Честитки за нашите полуматуранти кои ги почастивме со скромен подарок ваучер. Браво за гостите кои се одзваа на нашата покана и на нашите членови им поделија вредни совети како да тренираат и да се однесуваат ако сакаат да напредуваат во нашиот спорт, ќе ги препознаете од сликите, велат од РШ „ДИНГ“ Струга.
Додаваат дека е голема чест и привилегија, но и одговорност е да се работи со деца, довербата на родителите многу им значи, сега одат на мал одмор, продолжуваат со нови предизвици во новата сезона.

StrugaOnline

error: