Хуманитарна трка со пластични патки во Струга на 1-ви август, билетите се во продажба

- Локални
913

И оваа година на 1-ви август, во Струга ќе се одржи трка со пластични патки, а голем дел од средствата што ќе се соберат на настанот ќе бидат наменети за деца со посебни потреби.

Како што информираат организаторите, од Мостот на поезијата точно во 19:00 часот истовремено ќе бидат пуштени 1000 пластични патки,  a целта ќе биде чаршискиот мост.

Наградата за „најбрзата патка“ е 500 евра, втора награда 200 евра и трета награда ручек за двајца во хотел Бисер, од спонзорите ќе се даваат и пици, коктели и десерти.

Билетите по цена од 300 денари се во продажба во Кочва мала, Пицерија Ангела, Дуќан, Хотел Бисер, Ескобар и Пливалиште.

На секој билет има број, така што, сите присутни ќе имаат своја патка со која се натпреваруваат.

Strugaonline

Facebook Коментари