РК Струга го задржа и голманот Дамјан Тутенкоски, кој ќе продолжи да ја чува мрежата на екипата и во новата сезона.
Тутенкоски беше еден од клучните играчи во минатогодишниот успех на тимот, кој преку бараж натпреварите избори пласман во македонската Суперлига.
Покрај него, РК Струга веќе обезбеди потпис и од Наум Костов, десно крило кое доаѓа од редовите на Охрид.
Претходно беа продолжение соработките со Војо Кљеноски, Ненад Костоски, Филип Талевски и Филип Пајкоски.
StrugaOnline
Facebook Коментари