1 јули – ден за „Убавицата и sверот“ во Струга

- Локални
2955

Балетското студио „Баx“ од Струга на 1 јули во Центарот за клутура „Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток во 19:00 часот ќе го одржи осумнаесеттиот годишен концерт. На програмата е балетската претстава „Убавицата и sверот“ во која ќе учествуваат сите членови на Балетското студио, а ќе има и ексклузивни гости. Од „Баx“ информираат дека подготовките се при крај и дека пробите се одвиваат во многу пријатна атмосфера. На концертот, публиката ќе има можност да проследи несекојдневен настан исполнет со уметност во нејзината најсофистицирана смисла на зборот. Како и секоја година, ќе има раскошна сценографија и уникатни костими кои ја доловуваат приказната. Билетите за концертот се во претпродажба по цена од 150 денари, а непосредно пред концертот ќе чинат 200 денари. Со оглед на тоа дека повеќе од половина од влезниците веќе се распродадени сите оние кои сакаат да уживаат во претставата „Убавицата и sверот“ треба да побрзаат.

Балетското студио Баx е познато по спектакуларни концерти кои по нивното завршување долго се прераскажуваат и се споделуваат емотивни впечатоци. Така ќе биде и оваа година.

Низ фотографии се потсетуваме на атмосферата од претходните концерти на Балетското студио „Баx“

Извор: Strugaonline

Фото: Балетско студио „Баx“

 

 

 

Facebook Коментари