Приведени две лица од Албанија кои илегално ја преминале границата и незаконски ловеле риба

- Локални, Хроника
51

На 04.07.2025  година во 01.25 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, во водите на Охридското езеро, ги приведоа албанските државјани Ј.Х.(22) и Б.И.(30), поради постоење основи на сомневање за сторено „Илегално преминување на државната граница” и кривично дело „Незаконит риболов”.

Тие, со пловен објект биле затекнати на околу 6,5 километри од границата во македонските територијални води по што се обиделе да избегаат. По известување на јавен обвинител и по преземени мерки, одземени им се пловниот објект, рибарски мрежи во должина од 400 метри, три парчиња риба Охридска пастрмка како и повеќе парчиња риболовен алат и прибор.

Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари