Денеска ноќна вело тура околу Охридско езеро „Сите за нашиот Ангел“

- Локални
120

Велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“ од Струга, денеска организира ноќна велосипедска тура околу Охридското езеро.

-Годинава, ноќната вело тура има хуманитарен карактер и ќе се вози под мотото „СИТЕ ЗА НАШИОТ АНГЕЛ“ односно ќе се вози во чест и за помош на нашиот член, наш другар и брат по точак Ангел кој, неодамна возејќи точак на вело тура во Италија, доживеа пад и се наоѓа на лекување во една италијанска болница, велат организаторите.

Ова е планот за реализација на вело турата: 19.07.2025 Старт 1 плажа „Галеб“ Струга 17:30 ч. Старт 2 паркинг пред спортски центар „Билјанини извори“ Охрид 18:30ч (на двете стартни позиции ќе има поставено донаторски кутии).

Тек на турата: „Залив на коските“ пат за Галичица граничен премин „Св.Наум“ Поградец, каде што ќе има пауза од 1 час, Лин граничен премин „Ќафасан“ финиш на турата Струга, на сите попатни станици ќе има вода и патна храна за учесниците должина на турата 92км. елевација 900м. тежина 7/10 секој учесник треба да биде физички подготвен, да има технички исправен велосипед, резервна гума, светлосна сигнализација за ноќно возење, флуоресцентен елек, патна храна и вода, исто така со себе да поседува важечка лична карта или пасош.

Секој учесник вози на сопствена одговорност и треба да ги следи препораките за безбедност од страна на организаторот а по пат ќе имаат и техничка поддршка од возило.

За безбедно учество во сообраќајот, учесниците на вело ноќната тура ќе бидат придружувани од моторциклист полициски службеник од СВР Охрид.

StrugaOnline

StrugaOnline

Facebook Коментари