ОВР Струга алармира за внимателност од пожар и заштита на шумите од шумски пожари
Со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, ОВР Струга, ја спроведува превентивно-едукативната кампања „Да ги заштитиме шумите од шумски пожари”.
На терен, тимови од полициски службеници контактираат со граѓаните, им делат флаери со едукативна содржина и низ кратки разговори, ги потсетуваат на општите мерки за заштита од пожар, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари, да ја почитуваат забраната за движење низ шуми и како да се однесуваат при движење на регионалниот и другите патишта покрај шумските појаси.
Посебно ја нагласуваат потребата од итно известување за евентуално настанат пожар што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово навремено локализирање и гаснење.
Извор: СВР Охрид
StrugaOnline

