Лев банер Десен банер

Заеднички институционален состанок во Општина Струга за справување со предизвиците во текот на летната туристичка сезона

Денес, во просториите на Општина Струга се одржа работен состанок со учество на градоначалникот на општината, претставници на полицијата, противпожарната единица, општинската инспекциска служба, Центарот за социјална работа, Јавното претпријатие за градски паркинг, со цел да се адресираат чувствителните прашања што се појавуваат за време на летната туристичка сезона.

На состанокот се дискутираше за проблеми како што се: присуството на питачи на градските улици, бездомните кучиња, опасноста од пожари на отворен простор, предизвиците во управувањето со паркинзите, како и функционирањето и одржувањето на јавното улично осветлување.

Учесниците ја истакнаа својата подготвеност за меѓусебна соработка и преземање конкретни мерки за решавање на овие проблематики, со цел одржување на јавниот ред, безбедноста и благосостојбата на граѓаните и посетителите во Струга.

Упатен е апел до граѓаните да бидат внимателни и да соработуваа: да избегнуваат палење огнови во природа, да пријавуваат секое сомнително или опасно однесување, како и да ги почитуваат правилата за паркирање и јавниот ред.

Исто така, граѓаните се охрабруваат веднаш да пријават секаков проблем поврзан со јавното осветлување, со цел да се обезбеди побезбедна околина во ноќните часови.

Надлежните институции информираат дека ќе преземат соодветни законски мерки против лицата кои нема да ги почитуваат прописите и законите, нагласувајќи дека одговорноста ќе биде индивидуална и во согласност со важечките законски одредби.

Општина Струга, во соработка со сите релевантни институции, ќе продолжи посветено да работи за обезбедување мирна, безбедна и организирана туристичка сезона за сите.

StrugaOnline

error: