LTH Леарница објавува Конкурс за доделување стипендии за 2025/2026

Целта на стипендиите е да се поддржат талентирани, амбициозни и успешни студенти, особено од областа на техничките и природните науки, кои имаат желба да се развиваат понатаму и да бидат дел од позитивни промени во својата професионална средина.
Во рамки на стипендијата, студентите ќе имаат можност и за дополнителен професионален развој преку менторска поддршка, пракса, обуки и други активности во соработка со Друштвото.

НУДИМЕ:

Месечна стипендија:исплата за период од 10 месеци (студиската 2025/2026 година).
Практична настава (задолжителна)
Дополнителна платена пракса од најмалку 160 часа
Фирмата ги покрива трошоците за пат, храна и/или сместување за време на праксата.
Поддршка и менторство
Вработување по завршување на студиите.
Приоритет при вработување надвор од инженерска функција, ако студентот пренасочи кариера
Опција за пост-дипломски стипендирање по вработување

! Предност во изборот добиваат студенти кои имаат:
Освоени награди
Посетени обуки и семинари
Добиле признанија во соодветната област
Посебно, студентите кои учат машинство.

Задачи и одговорности:

Совесно и навремено извршување на студиските обврски.
Обавување на задолжителна и дополнителна пракса кај стипендиторот.
Обврска да го продолжи образованието и да го заврши во редовен рок.
По завршување, да се вработи кај стипендиторот.

Основни критериуми за пријава:

Студент запишан по прв пат во втора година:
– Прв циклус студии на техничките факултети.
Студент кој не е вработен, не извршува самостојна регистрирана дејност и не е евидентиран како невработен во АВРСМ.
Не е раководно лице во трговско друштво или приватна институција.
Не користи друга приватна стипендија или спонзорство.
Податоците што ги доставува се точни и веродостојни.
Да е државјанин на Република С. Македонија

ПРИЈАВАТА ТРЕБА ДА СОДРЖИ

• Молба и кратка биографија – CV
• Копија од прва страна на индекс
• Оригинална потврда за упис во студиската 2025/2026 година како редовен студент (II година)
• Уверение за положени испити (за повисоките студиски години)
• Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија или спонзорство од приватниот сектор.

Ги покануваме сите заинтересирани студенти кои ги исполнуваат условите наведени во овој Конкурс, да аплицираат за доделување на студентска стипендија.
Пријавата за стипендија, заедно со целосната потребна документација и кратка биографија (CV), се поднесува исклучиво во електронска форма директно на нашата веб страна во делот за Кариера-можности за млади, најдоцна до 30/09/2025 (Можности за млади | LTH Castings)

Ве охрабруваме да ја искористите оваа можност за развој, преку вклучување во активности кои придонесуваат за вашата иднина.

StrugaOnline

Facebook Коментари