Жител на Боговиње возел со 114 километри на час кај кичевско Другово

- Локални, Хроника
103

На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Ќ.Т.(44) од гостиварското село Боговиње.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој во населено место управувал патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час, каде со сообраќаен знак е дозволено 50 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило”.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари