СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Н.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „фалсификување огнено оружје”.
При претрес во домот и помошни простории, кои ги користел, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа еден пиштол, една пушка, две ловечки пушки, 1 пушка со дрвен кундак, цевка од пушка и 198 куршуми кои нелегално ги поседувал.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари