Девран Куртис од Пливачкиот клуб „Три Дисциплини“ освои сребрен медал на Летното Национално Првенство по пливање

- Локални, Спорт
311

Младата пливачка Девран Куртис од Пливачкиот клуб „Три Дисциплини“ освои сребрен медал на Летното Национално Првенство по пливање, кое викендов се одржа во Скопје.

Во дисциплината 50 метри делфин, во категоријата постари пионери, Куртис оствари извонреден резултат од 304 бода, со што заостана само половина секунда зад златниот медал.

Второто највредно време вo дисциплината кадети го постигна Тија Кукунешоска, која освои 273 бода, уште еден доказ за континуираниот напредок на клубот.

-И покрај краткото време во базен – само година и половина – нашите пливачи храбро се натпреваруваа со конкуренција што пливаат над 10 години, и го покажаа својот борбен дух, решителност и спортска зрелост, честитки за сите членови на клубот кои постигнаа нови лични рекорди, велат од Пливачкиот клуб „Три Дисциплини“ Струга.

Следниот предизвик е Македонскиот куп во маратонско пливање – Преспа 2025.

StrugaOnline

Facebook Коментари