Во насока на подобрување на јавната безбедност и подигнување на свеста и совеста кај возачите за користење на обележани паркинг простори како и во насока на намалување на кражби на плажи, отсекот за превенција при СВР Охрид, ги спроведува превентивно-едукативните кампањи „Паркирај совесно“ и „Заштити се од кражби на плажа“.
Притоа, полициски службеници вршеа обиколка низ паркинг просторите во градот како и кон плажите при што, остварија кратки контакти со граѓаните посочувајќи им ја неопходноста од исклучиво користење означени паркинг места и непаркирање на улици и тротоари како важен предуслов за зголемена сообраќајна безбедност.
На плажите, низ контактите беше нагласена потребата од значителна поголема грижа за паричниците и другите вредни предмети а на сите граѓани им беа поделени флаери со низа практични совети за поголема заштита и јакнење на совеста за личен придонес кон поголема сообраќајна безбедност и култура.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари