Билтен за Струга: Приведени стружани-едниот за поседување марихуана другиот за агресивно однесување кон полициски службеници

- Локални, Хроника
69

На 16.07.2025 во 16.00 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода В.Г.(32) од Струга. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.07.2025 во 14.00 часот на улица „ЈНА” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Д.(37) од Струга затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари