Одлични резултати за пливачкиот клуб “Три Дисциплини” од Струга на Македонскиот куп во далечинско пливање одржан во Преспа
Пливачкиот клуб “Три Дисциплини” од Струга зеде учество на првото коло од
Македонскиот куп во далечинско пливање одржан во Преспа, по петти пат, под одлична организација на Пливачкиот клуб Акваспирит – Охрид и каде што повторно сѕрушките пливачи од пливачкиот клуб “Три Дисциплини” во секоја категорија се искачија на пиедестал:
Детска трка машки 2014 и помали – златен медал за Јован Кутаноски, сребрен медал за Матеј Лазороски и бронзен за Ѓорѓи Цветаноски ;
и одличен резултат за женски од истата катехорика за Дарија Магдис, Стефанија Кутаноска,
Софија Кутаноска и во машка конкуренција Игнатиј Милески воедно и најмал учесник на овој маратон.
Генерација 2013-2011: Бронзен медал за Давид Попоски, Девран Куртис;
Генерација 2010-2008: Бронзен медал за Тија Кукунешоска, Матео Мачоски;
-И она по што сме препознатливи е успехот на нашите тренери во било кој спорт, триатлон или пливање, тие се мотив да нашите деца гледаат што значи глад за успех, овој пат таа задача ја имаше тренерот Цветко Митревски кој после операциите се врати на трките, велат од пливачкиот клуб “Три Дисциплини” од Струга.
Апсолутна категорија: бронзен медал за Цветко Митрески.
Следен викенд струшките пливачи ќе одиграат три натпревари и тоа: Ohrid Open 2025 , Власина Триатлон и Косово Триатлон.
StrugaOnline

