Билтен за Охрид: Агресивно однесување кон полициски службеници, семејно насилство, физички пресметки….

- Локални, Хроника
146

На 21.07.2025 во 01.45 часот, на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода М.М.(44) од Охрид, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди. Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои  пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека има 2,23 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.07.2025 година во 20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Н.К. од Охрид, во семејниот дом физички нападнал член на неговото семејство. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.07.2025 година во 14.10 часот во СВР  Охрид е пријавено дека М.Т. од охридско село, во семејниот дом физички нападнала член на семејството.  Против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.07.2025 година во 10,35 часот, на улицата „Ванчо Николески” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу И.Ј.(52), Н.С.(37) и К.Т.(53), сите од Охрид. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари