Денеска Europe House Struga ве поканува на ден исполнет со движење, вода и добро друштво.

-Заедно со нашите пријатели од Sailing Regatta, Едриличарски клуб „Снегар“ Струга и СУП клуб Охрид, подготвивме интерактивен настан што ја доближува магијата на едрењето и активниот животен стил за сите генерации, велат од Europe House Struga.
На програмата од 08:00 – 09:00 ќе има Јога на СУП со Емилија Колоска, од 09:00 – 10:00 воведна сесија за едрење во „Снегар“ која ќе биде достапна и за деца, а од 10:15 – 12:30 практично едрење и СУП обука.
Настанот е идеален за млади, семејства и сите љубопитни што сакаат да пробаат нешто ново, да се поврзат со природата и да ги откријат убавините на активниот и одржлив туризам.
Отворен ден – НА ЕЗЕРО, денеска на машка плажа, Струга.
StrugaOnline
Facebook Коментари