Денеска во Струга бесплатен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ

- Локални
97

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, денеска почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

Националната кампања се реализира во 10 градови во државата, меѓу кои и Струга и Охрид. Караванот ќе биде денеска, петок, 1-ви август, во Струга од 10:00 до 12:30 часот, а во Охрид истиот ден од 18:00 до 20:30 часот.

StrugaOnline

Facebook Коментари