Традиционално, по четврти пат и годинава, утре 2 август на кејот на реката Црн Дрим во Струга ќе се одржи спортскиот фестивал „Илинден“ во организација на спортско-рекреативниот клуб „Соларис“.
Во 12:30 се отвараат „вратите“ на фестивалот. Официјалното отварање е во 13:45 по завршувањето на ватерполо натпреварите ватерполо. По отворањето следуваат последователно натпреварите во пливање, кајак, СУП и завршува со Такла. Музичка програма ќе го следи фестивалот тековно.
-Годинава бројот на пријави на фестивалот во сите спортски дисциплини изнесува 150. Она по што се разликуваме од претходните изданија е скромна, но значајна интернационализација. Водите на Дрим ќе ги разбрануваат натпреварувачи и од дел европски земји. Сепак, доминираат локални претставници. Фестивалот е всушност фестивал на сите, на секој еден стружанец, па не случајно и ваквата ситуација на терен. Настојуваме да го оптимизираме фестивалот по однос на дневното времетраење, што ќе подразбира стабилизација на број на натпреварувачи, но пораст на бројот на публика, вели за strugaonline Лиза Пантековска, проектен координатор во клубот, што го вклучува и Илинден.
Додава дека и годинава ќе бидат вклучени лицата со инклузивност, вклучувањето на лицата со потешкотии од сите категории е проектно наследство на кое организаторот на фестивалот, Спортско – рекреативниот клуб „Соларис“ работи од скоро. Учеството на овие лица во случајов е низ волонтерската програма. Задачите им се доверени низ претходна проценка на афинитети и можности. Како на пример пункт за освежување. Ова ќе биде пилот настан за оние кои ќе следат.
-Најголемата вредност на фестивалот е автентичноста на овој фестивал. Во оваа развојна фаза, тој претставува интегриран дел од туристичката активност на градот за периодот и силно ја поттикнува нејзината различност. Радува сознанието дека фестивалот претставува мотив плус да се биде во Струга околу Илинден. Градот заживува, а заживуваат и услужните дејности. Свесни сме дека за поттикнување на посериозен туристички промет, потребна е поширока и повеќедневна програмска активност за која не само што размислуваме, но работиме постапно од година во година. Морам да потенцирам дека за последното е нужно да се пресретните со идејните концепти на економскиот сектор како најголема непосредна поддршка на фестивалот досега, потенцира Лиза Пантековска.
StrugaOnline
Facebook Коментари