Утре традиционално по 46-ти пат во водите на Охридското Езеро ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон
Утре на празникот Илинден ќе се одржи 46. Илинденски пливачки маратон во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид.
Како и секоја година патеката започнува од плажата Горица до кејот на Охридското Езеро (пред х.”Ривиера”). Патеката изнесува 2,5км., а пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години, информираат од клубот.
Првиот старт, посочуваат, ќе започне во 10.00 часот, додека вториот во 11.00 часот.
StrugaOnline

