Во сабота во Струга ќе се одржи гала концерт на Меѓународниот арт фестивал „Езерски Бисери“

- Локални
96

Од 5-ти до 10-ти август, во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи 22-рото издание на Меѓународниот арт фестивал „Езерски Бисери“.

Наградените учесници и највпечатливите музички настапи ќе бидат прикажани на традиционалниот гала концерт.
Натпреварувачкиот дел од фестивалот ќе се одржи на 8-ми август, а гала концертот каде ќе се претстават најдобрите учесници е закажан за во сабота, 09-ти август, со почеток во 21.00 часот, влезот е слободен.

Меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери“ е натпревар на уметноста кој се одржува секоја година во првата половина на август. Пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет доаѓаат во Струга, Македонија крај прекрасното Охридско езеро и се натпреваруваат во бројни дисциплини. Нивните настапи ги оценува професионално меѓународно жири, чии членови одржуваат бесплатни мастер класови за сите учесници и за нивните професори по натпреварот.

StrugaOnline

Facebook Коментари