Од денес до недела Паркот на поезијата во Струга ќе биде ставен во функција на Фестивалот на краток филм Дрим Шорт

- Локални
124

Организаторите на Фестивалот на краток филм Дрим Шорт информираат дека од денес, 06.08, до 10.08, Паркот на поезијата во Струга ќе биде ставен во функција на Фестивалот на краток филм Дрим Шорт.

-Ги известуваме граѓаните дека за време на овој период паркирањето нема да биде дозволено пред библиотеката на НУЦК „Браќа Миладиновци“, а дел од паркингот кај ЕКО Струга ќе биде резервиран за потребите на фестивалот. Исто така, паркот нема да биде целосно достапен за слободно движење и користење, поради поставување на опрема и одржување на фестивалски активности, информираат од Фестивалот на краток филм Дрим Шорт.

Исто така Ве покануваат да бидете дел од Дрим Шорт и да уживате во богатата филмска програма и незаборавната атмосфера на фестивалот.

StrugaOnline

Facebook Коментари