Враништа се подготвува за големата прослава на Св. Петка

- Локални
117

Традиционално и оваа година мештаните од с. Враништа ќе ја одбележат на достоен начин својата заштитничка Св. Петка во истoимената црква која се наоѓа крај самиот магистрален пат Струга-Дебар во центарот на Враништа.

На 7 август (четврток), во навечерието на празникот преподобна маченичка Параскева, ќе се отслужи Вечерна богослужба во храмот „Св. Петка“ – село Враништа, со почеток во 19:30 часот.
На 8 август (петок), на самиот ден на празнувањето на светата преподобна маченичка Параскева, ќе се отслужи утринска богослужба, свет водосвет и благословување на празничните колачи, со почеток во 08:00 часот.
StrugaOnline

Facebook Коментари